Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ прашува каде одат парите од редовните задолжувања што ги прави Владата на РМ. Во интервјуто дадено за „Република“ вели, се задолжуваме како луди и за деца и внуци да враќаат, а нема никакви понудени проекти.
„Сакам една работа да истакнам, ајде да размислиме и за 10 секунди да наброиме барем 3 проекти, објекти, реформи кои Заев ги направи…. Не три, еден проект нема да ви текне ниту мене ниту вас… Е сега на ова сакам да се надоврзам, ако гледаме дека нема ниту еден проект, а нема, во наше време имаше, може да ги видите, стадион, аеродром, сали, училишта, фабрики и слично, е ако сега ги нема проектите, а задолжувањата растат енормно?! Значи имаме задолжување а немаме инвестиции, нема проекти и објекти, тогаш јавноста со право се прашува каде се парите!? Каде одат сега парите, кога се задолжуваме како луди и за деца и за внуци да враќаат, а нема проекти?! И логично е дека парите некаде исчезнуваат, дали во нечии џебови или едноставно исчезнуваат треба да даде одговор јавниот обвинител.“
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто потенцира дека актуелната влада нема понудено ниту еден проект со кој би го подобрила живеењето на граѓаните.