6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Трамп: Федералните судови ќе ја доведат земјата до опасност

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, веќе втор ден по ред вербално ги напаѓа федералните судови, откако го блокираа неговио обид за забрана за влегување на територијата на САД за државјани од седум земји со муслиманско население и за мигрантите.

Трамп предупредува дека со ваквата одлука, судовите би можеле да ја доведат земјата до опасност.

„Им дадов упатства за внатрешната безбедност, а тоа беше со големо внимание да ги проверуваат луѓето кои влегуваат на територијата на САД“, напиша Трамп на својот Твитер профил и додаде дека со оваа одлука судовите ја отежнуваат неговата работа

Трамп на 27 јануари потпиша указ со кој привремено им се забранува влез на граѓаните од Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен, влез во Америка.

поврзани објави

Последни објави