Веќе некое време редовно вежбате и навистина се трудите да ослабите. И покрај тоа,вие, не можете да се ослободите од вишокот килограми. Многу луѓе не знаат дека нивните утрински ритуали се главната пречка што им стои на патот до телото од соништата.
Премногу спиете
Ако спиете премалку, телото го произведува хормонот кортизол што го зголемува апетитот. Но, ниту спиењето премногу нема да остави добри последици на вас. Според неодамнешните истражувања, спиењето повеќе од 10 часа навечер предизвикува повисок индекс на телесна маса. Токму затоа, докторите препорачуваат 7 часа спиење секој ден.
Се подготвувате во темница
Отворете ги завесите или ролетните веднаш штом се разбудите. Едно истражување докажало дека сините светлосни бранови од раното утро го забрзуваат метаболизмот и му помагаат на телото да се разбуди. Дури и 20 до 30 минути дневна светлина се доволни за да го почувствувате нејзиното позитивно влијание на индексот на вашата телесна маса.
Не си го местите креветот
Звучи чудно, но вистина е. Најновите истражувања откриваат дека луѓето кои си го местат креветот, подобро спијат. Сите знаеме дека квалитетниот сон е најсигурниот пат до постигнувањето идеална тежина.
Заборавате да се измерите
Истражувачите од Универзитетот во Корнел докажале дека секојдневното мерење е успешна техника која го поттикнува губењето на тежината. Најдобро е да застанете на вагата веднаш штом се разбудите пред да изедете или да испиете нешто. Со оглед на тоа што во текот на ноќта организмот ја губи тежината добиена од испиената вода, вагата ќе ви ја покаже најточната бројка рано наутро.
Не јадете доволно за појадок
Истражувачите од Универзитетот во Тел Авив советуваат да се почестите себеси со вкусен оброк за појадок. Балансираниот појадок што содржи 600 калории во форма на протеини, јаглехидрати и некој десерт, ќе ви помогне полесно да го следите вашиот дневен план за исхрана.