11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Со 8.5 милиони денари ќе се гради пешачка патека на река Брегалница во Берово

Со 8.5 милиони денари преку програмата за регионален развој, следната година во Берово ќе се финансира „Изградба на пешачка патека на река Брегалница“ од кафтански мост од лева страна, преку дрвениот мост од другата страна, па се до зградата на ул „Партизанска“ од двете страни после изградениот дел.

Советот за развој на источно плански регион на седмата седница, која што се одржа во Македонска Каменица, донесе одлука во 2019 година, од програмата за регионален развој да се финансира проект „Изградба на пешачка патека на река Брегалница“.

Со проект ќе се подобри целокупната слика за Берово и регионот, како труистички атрактивна дестинација и ќе се овозможи развој и на останатите економски гранки.

Проектот предвидува поставување на урбана опрема од клупи,канти за отпад, држачи за велосипед и канделабри.Со овој проект ќе се урбанизира еден доста руиниран дел од Берово а жителите и туристите ќе имаат можност да уживаат во природа по кејот на река Брегалница.Со проектот ќе се воведат нови содржини и форми за развој на туризмот, ќе се збогати туристичка понуда во рекреативна и спортска смисла.

Овој проект долги години наназад го сметаме за приоритет, во решавањето на проблемите од комуналната сфера, конечно ќе се реши проблемот со осветлувањето на дел од кејот на река Брегалница и ќе се подобри квалитетот на живот во Берово-истакна Градоначалникот Звонко Пекевски.

Оваа година за рамномерен развој, општините ќе добијат 26 % повеќе пари од државата, кое нешто ќе значи многу во рамномерниот регионален развој.

поврзани објави

Последни објави