Легендарниот актер Раде Шербеџија е уапсен во САД, откако бил фатен како вози во алкохолизирана состојба.
Иако странските медиуми пренесоа дека кај Раде Шербеџија било пронајдено и шише виски во неговиот автомобил, откриено е што, всушност, се случило таа ноќ.
Сепак, како што истакна тој, во крвта имал 0,8 промили алкохол, што е граница, но полицијата од него побарала, како што рекол глупави потези.
„Мене ме сопреа и ми измерија 0,8 промили алкохол во крвта, а тоа е границата. Но, тие бараа да направам некакви глупави потези, кои не можев да ги направам поради болки во грбот. Поради тоа ме исклучија од сообраќај“, рекол Шербеџија за српските медиуми.