11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Даскаловски: Манипулациите не успеаја, продолжува успешниот развој за доброто на Струмица (ВИДЕО)

Општинската организација на СДСМ во Струмица, излезе се прес-конференција, по повод денешниот чин на советникот од редовите на ВМРО-НП, Мето Витанов.

Витанов денес преку видео, јавно ја напушти неговата довчерашна партија, ВМРО-НП, а најави дека неговиот мандат во советот на Струмица ќе го продолжи како независен, но ќе ги подржува одлуките на колегите од СДСМ, како што стои во договорот.

„Вчерашната прес конференција на Општинската организација на СДСМ, која ја одржавме како одговор на прес конференцијата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, рековме дека обидот за преземање на локалната власт во општина Струмица е плод на манипулација од невидени размери.

Еве, денес, само дваесеттина часови од вчерашните случувања, излезе дека потполно сме биле во право и дека манипулацијата која ја споменавме, бргу излезе на површина“, изјави претседателот на ОО Струмица, Марјан Даскаловски.

Даскаловски најави дека со одлуката на д-р Мето Витанов, продолжува успешниот развој на Општина Струмица и нејзините граѓаните.

„Денешната изјава на советникот од мнозинската советничка листа предводена од СДСМ, д-р Методи Витанов, го потврдува токму тоа, дека тој бил изманипулиран од раководството на ВМРО – Народна партија.

Општинската организација на СДСМ го поздравува денешниот чин на господинот Витанов и неговата решеност, доследно да ја испочитува волјата на граѓаните.

Со тоа, продолжува успешниот развој за доброто на Општина Струмица и нејзините граѓани, развој кој го испишува мнозинството предводено од СДСМ, како вовед во нови успеси на наредните локални избори и продолжување на континуитетот на растеж на нашата заедничка општина“, додаде Даскаловски.

поврзани објави

Последни објави