За манастирот Острог сигурно до сега сте слушнале многу легнеди и приказни, но многу од нас и самите сме биле сведоци на чудата на Св. Василие Острошки. Поради сите тие приказни, многу луѓе се одлучуваат да заминат таму, но оние кои остануваат таму да преспијат се во помал број, поради време, гужва и сл.
Една жена во целост ја пренесува својата приказна за посетата на овој манастир.
-Прво морам да ви кажам едно- ако некогаш сте слушнале дека на Острог не можете да одите вие кога сакате, туку кога Св. Василие ќе ве повика, јас сум тука тоа и да го потврдам дека е чиста вистина.
После долгогодишно планинарење и договарање за одење на Острог, секој план пропаѓаше. Или немам пари, или немам автобуска карта, или немам време, или е лошо време… секогаш некој проблем. Кога веќе се откажав, еден ден ми стигна позив дали сакам да одам на Острог, како гром од ведро небо. –Сакаш ли во петок да одиме на Острог? Бесплатно е, ќе преноќиме таму, ќе тргнеме во петок вечер, во недела се враќаме?
Секако дека сакам! И ете конечно ќе одам. Пари не ми се потребни, а и викенд е во прашање. Ноќното патување помина брзо, кога одеднаш ги забележев Острошките планини. Насмевка ми се појави на лице. Како се возевме по кривините, така се повеќе се доближувавме до една белина.
Повремено внимание ми привлекуваше шоферот на кој му пречеа кривините и викаше дека може да излетаме и жената до мене која имаше мачнина и вртоглавица, па им викав на глас дека тука не може ништо да ни се случи лошо.
Конечно, стигнавме до долниот манастир посветен на Св. Троица. До манастирот на Св. Василие од таму може да се оди пешки, или со автомобил, кој како сака. Ние секако се одлучивме да одиме.
И да знаете да, високо е, стрмно, има многу да одење, напорно е, особено за оние кои по цел ден седат додека работат. Сепак, со пријателиките кои ги запознав на тој пат, стигнавме безбедно по импровизираните скали.
На самиот влез од манастирот имаше околу 300 луѓе. Едвај успеавме да најдеме некој за да не смети помеѓу стотиците луѓе кои исполегнале на бетонот под конакот, само да би успеале да преспијат една ноќ под големиот светец.
Цели два часа чекавме во ред за да влеземе кај светецот. Колоната лесно движеше по скали кои водат до пештера во која се чуваат моштите на Св. Василие. Сонцето почна да изгрева, а мене ненормално почна да ме боли глава. Се прашував дали ќе можам да издржам, а мислите ми се изгубија во тој момент и отидоа кај Св. Василие. Во момент се најдов во пештерата и се поклонив на светецот. О, како за момент ми помина главоболката.
После вечерната молитва, прошетав со пријателките кои ги запознав таму и открив колку монасите и девојките кои помагаат таму се прекрасни, пожрвтувани и колку се грижат на сите да им искочат во пресрет, на секого да дадат бесплатна света вода и осветено масло…
Изморени, мислевме дека ќе си легнеме уште во 8,а на крај јас пак се најдов на скалите кон пештерата ( во сон).
Кога конечно се сместивме, заспав во ист момент. Претходно слушав како ќе се смрзнеме, како нема доволно ќебиња, како дува ветар, ќе паѓа дожд, и паѓаше кратко, но ние не се откажавме.
Да, се вратиме на ноќта. Ни сама не знам колку спиев, кога ме разбиди студенило. Едвај ги отворив очите и забележав нешто што ќе го паметам целиот мој живот.
Во куќата во која живеам, навикната сум да се разбудам во сред ноќ и да погледам во завесата, каде дрвјата од надвор со помош на уличното светло прават разни фигури, од кои се плашев кога бев мала.
Овој пат ги отворив очите и забележав огромен камен. Ми требаше време да се освестам каде сум. Во средина имаше икона од Св. Василие, а кој како да ме гледаше директно во очи. Карши неа голем бел крст кој светеше. А не знам од што светеше.
Студенилото веднаш се изгуби, повторно ми беше топло. Знаев дека ме чува мене и сите други кои беа таа ноќ таму.
Сакав некому да кажам. Со насмевка погледнав во Јелена, а таа мирно спиеше. Погледнав и во Невена, таа сонуваше како бебе.
Со иста насмевка повторно легнав и потонав во сон. Слушнав лесни чекори, а не сакав да отворам очи. Верувајте тоа беше тој. Знам кој беше тоа.
И открив зошто ми студеше. Ветер ми го земал ќебето, со намера да ме разбуди да ја видам таа убавина.
Извор: Минута minuta.mk – ОВДЕ








