4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски на протестот пред Влада: Придружете ни се од сите нации, време е за акција, борбата ќе биде тешка, но затоа победата ќе биде уште повелика

Ви ветувам дека ќе работиме пет пати повеќе за да ја исправиме Македонија на нозе, да не биде омаловажувана и изолирана, да биде горда, да биде исправена, насмеана и радосна. Тоа е она кое ни треба. Сосема на крај – во овој ноемвриски и штотуку декемвриски амбиент сакам да испратам една порака до сите оние сограѓани кои што вечерва не се со нас, но знам дека со срцата се тука.

Почитувани сопартијци, наши сограѓани. Ве повикувам сите да ни се приклучите, старо и младо, машко и женско, од сите нации, сите незадоволни, сите револтирани, дојдете да се обединиме и да ги поразиме овие црнила кои ни се случуваат. Ние ќе го разбиеме стравот и ќе ја донесеме победата.

Ајде да го поразиме стравот, сега е тоа време, време за акција, ова не е битка за ден или два, ќе трае подолго и свесен сум дека ќе се обидат со подмолни удари да не обесхрабрат, но ќе ви ветам дека сигурно ќе ги победиме.

Сите заедно на купче ќе ги победиме. Борбата ќе биде тешка, но таа ќе биде уште повелика, бидејќи ќе ја оствариме со заеднички сили. Добрината ќе победи, ова е зора за Македонија, мора да бидеме сите заедно, еден до еден, рамо до рамо и победата сама ќе дојде по себе. Ќе се гледаме многу скоро во еден од градовите, но и овде пред Владата на Македонија.

Да живее Република Македонија, да живее ВМРО-ДПМНЕ! – рече Христијан Мицкоски во својот говор на денешниот протест од пред Владата на Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави