Односите помеѓу САД и Иран се влошени, а тензиите од ден во ден се повеќе растат, откако новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп влезе во Белата куќа.
Новоизбраниот претседател на САД порача дека Иран е најголемата терористичка земја, а Иранците возвратија на ваквите негови коментари со закана, велејќи дека американската воена база во Бахреин ќе биде срамнета со земја.
Буквално без никаков повод, Доналд Трамп започна да покажува екстремен анимозитет кон Иран и започна да се заканува дека ќе го искине договорот кој што после маратонските состаноци на П5+1 групата беше постигнат помеѓу Иран и неколку светски сили.
„Американската Петта флота окупираше дел од Бахреин, а исто така има и непријателска база во Индискиот океан. Но, сите овие точки се во домет на иранските ракетни системи и базите ќе бидат срамнети со земја доколку непријателот направи еден погрешен потег“, порача Зонур.