7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Кирил Божиновски го нуди целиот имот како гаранција за да излезе од протвор

Освен поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски го нуди целиот имот со кој располага како гаранција за да излезe од притвор. Барањата на на Божиновски и на Јанакиески денеска се доставени до судот.

– Очекуваме позитивен исход, бидејќи ова е доволна гаранција за судот да можат да се бранат од слобода и дека ќе бидат присутни во текот на целата судска постапка, како и до сега. Се работи за имот кој е стекнат како оставина од нивните родители, вели за Пресинг ТВ, адвокатката на Јанакиески и Божиновски, Сања Алексиќ.

Ден по бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски, Кривичниот суд донесе одлука да им се одреди притвор, на барање на СЈО кое пак добило информации од УБК, дека двајцата се подготвувале за бегство.

поврзани објави

Последни објави