14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски испорача барања: Итни оставки од неколку министри, стоп за повисоки даноци, решение за чист воздух…

Денеска почнуваме со списокот на барања кои што ќе ги доставиме до владата, народот ќе почне да бара од владата, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, ја користам оваа прилика да ги поздравам овдека присутните од паритиите во коалицијата, рече Мицковски.

  1. Итна и неотповиклива оставка на министерот, кој што својата нација ја нарече искомплексирана нација. Министерот кој што благодарение на оваа нација, која го полни буџетот зема плата, ужива во привилегиите да се школува неговото семејство надвор од Република Македонија, со стипендиите што овој народ ги обезбедил.
  2. Итна и неотповиклива оставка за министерот за терор и прогон, односно полиција, Оливер Спасовски.
  3. Да сопре иницијативата од владата за покачување на даноците во Република Македонија и да престане осиромашувањето на бизнисот.
  4. Продолжување на проектот за гасификација на Македонија
  5. Да се формира независно тело кое што ќе го предводи човек предложен од опозицијата, кое што ќе ги преслуша, анализира, систематизира сите материјали кои се собрани зиминативе две години како резултат на црниот „Вотергејт“ на Заев.
  6. Почитување на јасно изразената волја на народот на референдум.

Ова се првите 6 барања, продолжуваме и понатаму со нови барања, рече Мицкоски во обраќањето од Кочани.

поврзани објави

Последни објави