Јавниот повик за избор на универзален снабдувач со електрична енергија на домаќинствата заврши на 3 декември, а името на избраната компанија се очекува да биде познато во наредните неколку денови. Имено во трка се над двесетина фирми, меѓу кои и фирмата ЕДС во неодамнешна сопственост на Кочо Анѓушев, а сега сопственост на грчкото електростопанство, пишува Вардаринфо.
При тогашната продажба, главниот извршен директор на грчката „Паблик пауер корпорејшн“ Емануел М. Панајотакис кажа дека со купување на ЕДС влегуваат на пазарот за електрична енергија во соседната земја на најдобар можен начин.
Дали можеби во трката за универзален снабдувач можеби ќе победи ЕДС, а со тоа овој милионски бизнис би завршил во рацете на грчкото електростопанство?
Снабдувачот ќе биде своевидно привилегиран во однос на другите фирми на пазарот бидејќи ЕЛЕМ ќе има обврска дел од своето производство да му го дава на снабдувачот во период од 5 години.
Анѓушев ја продаде оваа своја компанија во екот на преговорите за името со Грција, за сума од близу 5 милиони евра. Па оттука легитимно се поставува прашањето, дали зад зделката стоело можеби ветување односно конфликт на интереси дека доколку соседите од Грција ја купат ЕДС истата ќе биде фирмата која ќе биде универзален снабдувач со струја за над 700.000 домаќинства во државата и со тоа ќе го земе овој бизнис тежок стотици милиони евра?
Извор: Вардаринфо