6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски од Струмица: Гледаме како со оваа Влада ја губиме државата, реалниот живот е тежок

И во Струмица, како и во цела Македонија, реалниот живот е тежок, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека граѓаните се соочуваат со низа проблеми, младите се иселуваат, нема нови работни места, има низа поскапувања.

-Лошо ја водите работата, ја губиме државата, економијата ни тоне, народот е разочаран, луѓето се иселуваат, нема реформи. Се што ветувте ништо не исполнивте. Ајде да седнеме, конструктивно да работиме за да можеме да обезбедиме подобар живот за граѓаните. Па, макар еве, уште една година вие биле влада. На следните избори, да презентираме пред граѓаните она што имаме да им го понудиме, па тие нека одлучат кому ќе ја дадат довербата, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изрази увереност дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе го порази СДСМ на следните, прво претседателски, а потоа и парламентарни избори.

поврзани објави

Последни објави