Минималната плата во Франција ќе се зголеми со 100 евра наредната година, а истовремено нема да бидат зголемени даноците. Овие отстапки доаѓаат по обраќањето кон нацијата на францускиот претседател Емануел Макрон. Тој исто така вети дека, даночната реформа ќе биде укината, ќе се бара начин големите компании и побогатите граѓани да помагаат повеќе.
Макрон, исто така, вети дека прекувремената плата ќе биде ослободена од данок, бидејќи бонусите за вработените на крајот на годината нема да се оданочуваат, а компаниите ќе бидат охрабрени да даваат поголеми бенефиции за самите вработени.
Предлозите на Макрон јавноста ги оцени како добри, но сепак задоцнети. Мислам дека ова нема да придонесе за вистинска промена за животот на луѓето, проблемите не се од сега, тие постојат веќе неколку години, а исто така нема да бидат решени преку ноќ. Припадниците на жолтите елеци со нетрпение го очекуваа обраќањето на францускиот претседател. И покрај тоа што вети конкретни мерки, дел од граѓаните не му веруваат.
Според многумина, Макрон ја изгубил довербата во народот, па сето ова што сега го прави е задоцнето и нема да помогне за промена на нивното мислење за него и неговото владеење. Дали граѓаните ќе бидат задоволни или пак можеби незадоволството ќе биде присутно и во иднина, ќе покажат настаните кои претстојат во иднина.