6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Гласањето во британскиот парламент за договорот за Брегзит на 21 јануари

Британскиот Парламент ќе гласа за договорот за Брегзит на премиерката Тереза Меј пред 21 јануари, соопшти денеска нејзиниот портпарол.

Гласањето требаше да се одржи денеска, но Меј вчера соопшти дека гласањето е одложено и побара дополнителна потврда од ЕУ дека гласањето ќе помине во Парламентот.

Британската премиерка настојува што е можно побрзо да го реши застојот во договорот за Брегзит и од европските лидери да добие потврда која и е потребна пред 21 јануари, рече портпаролот.

Тој исто така додаде дека Меј претходно имала продуктивен состанок со холандскиот премиер Марк Руте со кој се договориле заеднички да ја решат моменталната ситуација.

поврзани објави

Последни објави