7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Никола Димитров на средби со француски пратеници во Париз

Министерот за надворешни работи на Република Македонија ја продолжува работната посета на Париз.

Во рамките на посетата, шефот на македонската дипломатија ќе има обраќање во Фондација „Роберт Шуман“ на тема „Европската перспектива на Македонија по Договорот со Грција”.

Во текот на денот се предвидени и средби со пратеници во францускиот Парламент, како и со Мариел де Сарнез, претседателка на Комисијата за надворешни работи.

Министерот Димитров, вчера заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учестваше на Состанокот на високо ниво на француско-германската иницијатива за „Борба против недозволена трговија со лесно оружје во земјите од Западен Балкан“.

поврзани објави

Последни објави