6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Екс премиерот Никола Груевски снимен во унгарски ресторан, од него замина со шофер (Видео)

Екс премиерот на Република Македонија Никола Груевски кој веќе месец дена е во Унгарија, беше лоциран од унгарски новинар во еден ресторан во Будимпешта.

Груевски во ресторанот ручал со неколку непознати лица. А, по излегувањето од ресторанот влегол во возило со личен возач. Унгарските медиуми будно го следат секое движење на екс-премиерот во бегство, Никола Груевски, а тој денеска беше уловен од камерата на унгарскиот портал „24.ху“.

Тој беше забележан во ресторан во Будимпешта во друштво на уште еден човек, а кога новинарите му пријдоа и го прашаа како избегал од Македонија, тој избега со автомобил со затемнети прозорци.

Во текот на вчерашниот ден, излезе првата фотографија од Груевски во Будимпешта како слободно се шета низ унгарската метропола.

поврзани објави

Последни објави