4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мисајловски од Куманово: Многу ветувања, многу лаги, така работи СДСМ и затоа мора да си заминат

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска беше во посета на општина Куманово, од каде ги потсети граѓаните за, како што рече, лажните ветувања на СДСМ.

-Денеска тука од Куманово, поточно од Речица го продолжуваме серијалот на лажни ветувања на СДСМ. Они тука ветија дека ќе има голема индустриска зона, дека ќе има многу фабрики, па ветуваа дека ќе го донесат и Фејсбук и Гугл, но може да видиме секаде во Република Македонија дека нема фабрики, а камоли Фејсбук и Гугл да дојдат тука. Тука може да видиме дека има еден голем пустош. Куманово станува најзагаден град во Македонија, никој не превзема никакви мерки и централната и локалната власт не превземаат апсолутно ништо. Нема ниту еден капитален проект што започнал во Куманово. Локалната самоуправа ја имаат со години, но може да видиме урбан хаос, односно секаков хаос тука во Куманово. Многу ветувања, многу лаги- така работи СДСМ, рече Мисајловски.

Најави дека ваквите теренски посети ќе продолжат и во други градови низ Македонија.

-Ние ќе одиме на секаде низ Република Македонија, да ги потсетиме што ветувале или да кажеме народски, што лажеле. Во секое населено место, сите граѓани ги излажаа. Ние мора да го кренеме својот глас, да покажеме и да докажеме дека оваа власт само лаже. Не може да си поигруваат со интелигенцијата на народот и да ветуваат брда и долини, а да нема ниту еден проект. Наместо тука да има многу фабрики, може да видиме дека има хаос, рече Мисајловски и додаде:

„Граѓаните очекуваат повеќе. Ние како ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога сме излегле пред граѓаните сме ветувале проекти и тие се реализирале и сме се труделе максимално тие да бидат реализирани. Но, тука има една гарнитура со која што се е црнила, односно сето тоа она што ќе го започнат е црно- со продажба на националните интереси, со продажба на секаков вид на интерес на Република Македонија, бизнис зделки корумпирани, но ништо конкретно за граѓаните. Затоа оваа власт мора да си замине. Граѓаните очекуваат повеќе, а ВМРО-ДПМНЕ со својата програма и со ветувањата што ќе ги исполни, набрзо граѓаните ќе видат добробит за сите“.

поврзани објави

Последни објави