4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски: Димитров кажа дека Македонците биле нација со комплекс, за да престане срамот, потребна е оставка поради црнилата кои и ги донесе на Македонија

Никола Димитров со Заев донесоа капитулантски договор! Понижување и разградување на Македонските национални и државни интереси! Димитров кажа дека Македонците биле нација со комплекс!, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и државата е прикована на дното. Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер за надворешни работи. За да престане срамот, за да македонскиот углед не продолжи да се урива. Во собраниската дебата за време на интерпелацијата ќе се збори за фактите кои ќе го разобличат неговото делување. Затоа оставка поради црнилата кои и ги донесе на Македонија!, пишува Мицкоски.

Никола Димитров со Заев донесоа капитулантски договор!Понижување и разградување на Македонските национални и државни интереси!Димитров кажа дека Македонците биле нација со комплекс!Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и државата е прикована на дното.Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер за надворешни работи. За да престане срамот, за да македонскиот углед не продолжи да се урива. Во собраниската дебата за време на интерпелацијата ќе се збори за фактите кои ќе го разобличат неговото делување.Затоа оставка поради црнилата кои и ги донесе на Македонија!

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, December 18, 2018

поврзани објави

Последни објави