ГДУ беше прва која се јави за помош на семејството Стојановски, по објавувањето на приказната за маката на малата Елеонора и Тодора во вчерашните вести на ТВ Стар. Утринава новогодишните пакетчиња, но и посакуваната елка беа тука. Заедно со претседателот на ГДУ Петар Колев, Теодора и Елеонора заеднички ја китеа новогодишната елка.
Вашиот прилог и нивната судбина ме натера да се замислам дали ние кои се занимаваме со политика можеби треба искрено да се замислиме и засрамиме затоа што има вакви случаеви во нашето општество. Се надевам дека во последните неколклу часа, по разговорите со други пријатели општествено одговорни фирми во Македонија и нашиот град дека ќе се вклучиме и ке се обидеме со заеднички сили да направиме нешто добро и да им ги разубавиме празниците на овие прекрасни деца, изјави Петар Колев – претседател на ГДУ
Благодарноста на Влатко Стојановски, таткото на малите принцези, беше бескрајна. Неговата родителска мака, како во изминатите четири години да ги усреќи најсаканите за новогодишните и божиќни празници со хуманиот гест на Колев и ГДУ сега е минато.
Огормна благодарност до господинот Петар Колев за покажаната несебична хуманост и за неговата желба и гест што ги развесели моите деца. Навистина искрена благодарност до него и ГДУ, изјави Влатко Стојановски – родител.
Како што објави ТВ Стар, семејството Стојановски со години на ред мака мачи како да го скрпи месецот. Влатко е примател на социјална помош, чиј износ ниту одалеку не ги покрива трошоците не само за храна, облека и огрев, но и за набавка на лекови за Теодора и плакање на месечните сметки. Затоа, пари за новогодишната детска радост досега немаше во семејството Стојановски.