4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Oткриени студентите кои со мобилен го снимале тоалетот во „Кузман“

Државниот студентски дом „Скопје„ – Скопје ја информира јавноста дека се идентификувани студентите кои поставиле мобилен телефон со камера на надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

Се работи за двајца студенти кои престојуваат во Домот, а се фатени веднаш по дојавата. Безбедноста на студентите, како и заштитата на нивната приватност, се многу важни за раководството на Домот. Секое нивно нарушување се зема за сериозен прекршок, а студентите ќе бидат соодветно санкционирани, согласно Правилникот на Државниот студентски дом – информираа од Домот.

Во меѓувреме, раководството на Домот работи и на поставување на видео надзор во студентските домови, за зголемување на безбедноста на студентите.

поврзани објави

Последни објави