14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Пандов: Денес ја губам мојата втора мајка

Погребот е настан кога се собираат роднините и пријателите да го испратат упокоениот. Не ги сакам и избегнувам да одам. Меѓутоа татко ми постојано ме учеше дека и за арно и за лошо со луѓе бидува. Пред две години ја изгубив мојата биолошка мајка. Бев подготвен делови од моето тело да извадам за да и помогнам во нејзиното лекување, но спас од проклетата болест немаше. Денес ја губам мојата втора мајка. Колку што можев направив се за да ја спасам, но и овој пат не успеав. Но овој пат убиците на мојата мајка имаат име и презиме. Се колнам, во крвта моја македонска, пред цела македонска јавност, дека ќе направам се, во иднина овие предавници и среброљубци ја почувствуваат сета горчина и чемер што ги предизвикаа кај мене и на мојот народ. Животот не е ден или два, тоа овие шуги треба да го знаат. Денес не ми остана ништо друго освен со жалење да ве поканам сите заедно да и одадеме последна почит на нашата заедничка мајка Македонија. Се гледаме пред собрание, напиша аналитичарот Александар Пандов на својот Фејсбук профил.

Погребот е настан кога се собираат роднините и пријателите да го испратат упокоениот. Не ги сакам и избегнувам да одам….

Posted by Aleksandar Pandov on Friday, January 11, 2019

поврзани објави

Последни објави