4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски свикал седница на ИК, ќе има и состанок со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за денес попладне свика седница на Извршниот комитет и состанок со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на денот тие ќе бидат во постојано заседавање, каде ќе се разговара за актуелната состојба поврзана со уставните измени.

Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека се вршат жестоки притисоци од власта и Зоран Заев за обезбедување на мнозинство за гласање на уставните измени, се гази демократијата, а премиерот по секоја цена, спротивно на волјата на грашаните, тргнал кон промена на уставното име на државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека Заев е исплашен човек, а всушност операцијата за промена на името, станува операција за спас на неговата кариера. Националното обезличување станува врвев приоритет на Заев.

поврзани објави

Последни објави