14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Тереза Меј го соопшти датумот кога Велика Британија ќе излезе од ЕУ

Велика Британија ќе ја напушти Европска унија на 29 март, изјави премиерката Тереза Меј за време на расправата за Договорот што го постигна со ЕУ.

Таа истакна оти не верува дека  британската Влада треба да го продолжи рокот за примена на членот 50 од Договорот за ЕУ, кој ги дефинира условите за излегување од Унијата.

Меј ги преупреди пратениците дека Брегзит ќе биде во опасност доколку не се изгласа договорот за Брегзит.

– Блокирање на Брегзит е поверојатен резултат отколку Британија да ја напушти ЕУ без договор, истакна Меј во британскиот Парламент за време на расправата за договорот што таа го постигна со ЕУ.

поврзани објави

Последни објави