Во гостување во емисијата „Отворено“ на Алфа ТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прашањето- зошто нема доверба дека кривичните пријави од ВМРО-ДПМНЕ ќе се процесуираат, потенцираше дека сега е доведена во знак прашалник честитоста и стручноста на Уставниот суд.
– Кога вие ќе поднесете една ваква иницијатива за оценување на уставноста на еден ваков закон и кога сите правни експерти во државата ви велат дека ако Уставниот суд поставува по правото, законите и Уставот се разбира дека ќе го прогласи како неуставен овој закон и ние како политичка партија апсолутно го имаме тоа право да го направиме и ќе го направиме во периодот којшто следи, истакна Мицкоски.
Мицкоски потсети и дека за време на парламентарните избори во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно на граѓаните им кажа дека ќе дојде до ова што е денес и, како што рече, затоа ја барале нивната довербата.
Toj кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе пријави кои не застаруваат.
-Ќе ве потсетам дека во овој момент имаме судство кое апсолутно нема никаква доверба кај граѓаните и оправдана е нивната загриженост, но да ве потсетама дека многу скоро сите ние ќе имаме можност да ја промениме оваа власт каде ќе дојдат вистински, честитити, стручни судии кои ќе судат според правото и правдината.