Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта.
Како што објави порталот „444.ху“, во времето кога Груевски бил снимен, продавниците веќе биле затворени, а трговскиот центар бил празен, но на снимката се гледа како Груевски во раката носи хартиена кеса.
Читателот кој го испратил видеото искоментирал дека Груевски смирено се движел низ трговскиот центар, а во негова близина не биле забележани обезбедувачите.
Од снимката може да се забележи дека Груевски бил во шопинг, бидејќи во раката држи ќесе од луксузниот француски бренд L’Оccitane, за козметички производи. На снимката од десна страна, се гледа и продавницата на L’Оccitane, пишува Фокус.