Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за „Алсат“ призна дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалоков, лично разговарал со 8-те одбегани пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и им вршел притисок да гласаат за промена на уставното име.
– „Сашо Мијалков зборуваше со пратеници заради тоа што верува во тоа решение. Тоа го кажуваше на сите, јавно се зборува во Скопје, насекаде, дека тој зборувал со пратениците. Седел со нив, ги охрабрувал, лично верувал“, рече Заев.
– „На сред процес тој беше притворен. Зошто? Правниот систем си ја гледа својата работа. Ако тоа беше во функција на политиката, ќе го оставеа тука за да помогне“, додава Заев.