Ејуп Алими не гледа ништо спорно што на вчерашната прес конференција не го користеше македонскиот јазик. Координаторот на пратеничката група на ДУИ во изјава за Сител вели дека го користи албанскиот како официјане јазик во државата, а институциите, но и самите медиумски редакции треба да си обезбедат преведувачи, информира Сител телевизија.
Од Владата пак велат дека немааат намера да коментираат прес конференции на јавни функционери, ниту пак начинот на кој тие ги пренесуваат информациите во јавноста.
Владата не би можела да укажува на дадени политички субјекти или на кои било организации на граѓани на кој начин тие чувствуваат потреба да ги пренесат нивните информации за кои сметаат дека јавноста треба да знае. Она што можеме да кажеме е дека како Владата секогаш сме обезбедувале преведувач и функционираме по принципот што го промовираме на едно општество за кое имплементацијата на Законот за јазиците само ќе биде комплементарна додадена вредност во интерес на сите граѓани во Македонија“, рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање
Прочитајте го целиот текст на Сител – ОВДЕ (Извор – Сител)