Додека фудбалскиот свет ги исчекува информациите за исчезнатиот авион во кој леташе Емилијано Сала и неговата судбина, Кристијано Роналдо многумина разбесни со својата последна објава на социјалните мрежи.
Имено Португалецот по враќањето од судот во Мадрид каде се гони за не плаќање на данок, на својот Инстаграм и Твитер профил објави фотографија од приватниот авион и додаде емотикон со авион и палец нагоре.
😀🛫👍 pic.twitter.com/zC80kfMES8
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) January 22, 2019
Фотографијата сама по себе не е спорна, но во време кога фудбалскиот свет е потресен од исчезнувањето на приватниот авион во кој беше и фудбалерот Сала е спорно за многумина.
Негативните коментари само се нижеа во низа, а според многумина ова е непростлива грешка на Роналдо во моменти кога целиот свет е во исчекување на можеби најлошата вест за фудбалерот.