6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Мицкоски: Барам неотповиклива оставка на Заев, техничка влада и распишување предвремени парламентарни избори

Неотповиклива оставка на премиерот Заев, техничка влада и распишување предвремени парламентарни избори, ова е барањето кое утре во Собранието ќе го достави ВМРО ДПМНЕ.

Бидејќи во минатото не обвинуваа дека наводно сме барале избори, а сме молеле Бога да не ги добиеме изборите, еве сега ќе има можност тој, СДСМ, но и владеачката коалиција, владиното мнозинство да одлучат и да прифатат или да го одбијат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на следните неколку дена, па граѓаните на Република Македонија да видат кој е за, а кој е против предвремени парламентарни избори ,кој бара, а кој моли Бога истите да не ги добие.
ВМРО-ДПМНЕ сака да го спречи пеколниот план за уништување на Република Македонија и за уништување на македонецот во македонците од Зоран Заев и групата околу него. Знам дека денеска веднаш по завршување на оваа пресконференција, до ова обраќање до граѓаните на Република Македонија, ќе излезе кујната за лаги и манипулации на Зоран Заев и ќе кажува дека ова се некакви мрачни сценарија итн. Но, јас повторно ќе кажам ние имаме детална анализа на тоа што се случуваше, целосна антиципација на тоа што ќе се случува.

 

Македонија практично под владение на СДСМ и Зоран Заев престанува да постои и затоа на денешната седница на Извршниот и Централниот комитет беа изнесени сите информации и сите факти кои што ги имаме како раководство и како политичка партија со кои што располагаме.Бараме веднаш Зоран Заев да си поднесе неотповиклива оставка, формирање на техничка влада, и веднаш организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Имаме време и за реформи, имаме време и за сето она што Зоран Заев не го направи изминатите речиси две години, но исто така тоа ќе биде можност да ги корегираме сите грешки кои што Зоран Заев и владата на СДСМ од секаква природа ги направија изминативе две години.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -