18.8 C
Skopje
Sunday, May 11, 2025

Мицкоски: Ако Заев се одлучи да бега од парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи на претседателски, со што ќе ја отвориме вратата за предвремени парламентарни избори, на есен

Нашиот партнер ќе биде на програма и на платформа која ќе биде основа за решавање на реалните проблеми и нема да има етнички предзнак. Ние ја сакаме Македонија и ги сакаме граѓаните на Македонија без разлика на нивните етничка припадност. Ако политиката на поделби е вистинската опција тогаш е во ред, но јас мислам дека политиката на кохезија е онаа која ќе ги обедини граѓаните.

Еве ќе ви кажам пример што се случува сега. Вие имате поделба на граѓаните во Македонија како никогаш досега. Едните се ЗА, другите се ПРОТИВ Преспанскиот договор. Едните велат, ова мораше да биде така, овие што се ПРОТИВ, велат чекајте сега некој се борел за оваа држава. Знаете што е заедничко за едните и другите. Дека ова е победа на грчката дипломатија, а пораз на македонската дипломатија. Она што нам ни го сервира во 5 до 12 по полноќ е уште поголема поделба меѓу граѓаните, а не едно општество за сите.

Ние имавме разговори со албанските политички партии, да седнеме на маса и да се договориме. Ние не сме против правото на етничките заедници во Република Македонија. Што ќе кажат тогаш турците, ромите, власите, бошњаците, немаат ли они права? – рече Мицкоски на прашањето за законот за јазици.

Во однос на прашањето за избори, Мицкоски рече:

Доколку се затскријат, доколку одлучат повторно да бегаат од јавноста, најголемата опозициона партија, граѓаните имаат основано сомнение дека нивните намери не се чесни односно дека повторно сакаат со нефер избори да манипулираат со гласовите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се разбира дека ќе стори се што е во наша моќ тоа да не се случи. ВМРО-ДПМНЕ е силно мотивиран и мобилизиран да учествува на тие претседателски избори кои што практично ќе ги победи, ќе победи и во Охрид, ќе победи и во Ново Село и на тој начин силно ќе ја подотвори вратата на едни нови предвремени парламентарни избори, ако не сега барем на есен. Затоа е многу поважно да заштедиме на времето, затоа што притисокот на победата на опозицијата на претседателските избори, победата во Охрид, победата во Ново село ќе значат огромен товар за владата, потенцираше Мицкоски.

поврзани објави

     

Последни објави