11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Мицкоски: Човекот кој што кажа дека се срами од сопствената нација е еден од потенцијалните кандидати за претседател на СДСМ

Македонската дипломатија ја води човек кој што се срами од сопствената нација. Димитров во Собранието кажа дека се срами од сопствената нација. И никој за тоа не зборува во државата. Зошто се плашат од критика, тоа е суштински проблем, рече Мицкоски.

Ниту сум имал, ниту имам лоши односи со меѓународната заедница. Обвинувањата не ги коментирам. Изминатиов период имав многу средби со претставници на меѓународната заедница. Во периодот што следи ќе патувам и ќе имам можност да разговарам на различни теми. ВМРО-ДПМНЕ од самото свое формирање е партија која е силно ориентирана кон ЕУ и НАТО, ако имаме различни ставови во однос на одредено прашање, или во однос на прашањето за името или било каков друг договор, не значи дека ние имаме лоши односи. Македонските граѓани и македонската нација се чувствува дека нон стоп губи нешто. Ако на крајот од денот ова се беше нормално, немаше да заврши вака со уставните измени во Собранието.

За сето тоа ние предупредувавме дека ќе се случи, бидејќи практично бевме ставени пред ултиматум. Земи или остави. Односот со меѓународната заедница е чесен и искрен, ние секогаш ќе работиме и ќе учествуваме во тие процеси, но тоа не значи дека ќе молчиме кога ќе треба да го кажеме нашиот став, па макар тој и да е различен од оној на Владата, додаде тој.

поврзани објави

Последни објави