Вчера во турскиот регион Чанаккале, познато и како Дарданелите, во западна Турција имало повеќе земјотреси, од кои се уништени околу 300 куќи во десетина села.
Првиот земјотрес според Рихтер бил со јачина од 5,3 степени, а само неколку часови подоцна следувал нов идентичен земјотрес. Властите во Турција информираа дека нема жртви, но повредени се пет лица. Загубата пред се е материјална.
Поради страв и претпазливост од нови земјотреси, илјадници луѓе се надвор од своите домови, па ноќта ја поминале под шатори на отворено небо. Тие добиле топол оброк и ќебиња, исто како и пакет за лична хигиена.