fbpx
6.8 C
Skopje

Гледајте со ЧЕТИРИ ОЧИ: Одрони на патиштата ширум државата

АКТУЕЛНО

По врнежите кои ја зафатија нашата држава, како и во минатото, проблем често знаат да создадат одроните на повеќе познати патни правци, каде е потребно да бидете и повеќе од внимателни.

Од АМСМ стои истото предупредување дека во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Сепак, на повеќе патни правци има огромни одрони на патиштата, поради што сообраќајот се одвива потешко од нормалното. На социјалните мрежи револтирани граѓани од повеќе градови споделија фотографии на кои јасно се предупредува дека мора да внимавате на повеќе патни правци.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -