6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Димовски: Проблемите меѓу народите на двете држави, Македонија и Грција, ќе живеат уште многу долго

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната собраниска седница рече дека тој бил вклучен во повеќе фази во договорот од Преспа, го изложил своето мислење и своите ставови и ќе реагирам на една работа, а тоа е исклучивоста дека не можело подобро, не можело различно.

Јас во една дискусија на Комисијата за Уставни прашања кажав дека меѓу државните проблеми со Грција во овој момент се затворени. Но, проблемите помеѓу народите на двете држави ќе живеат уште многу долго и ги гледаме од двете страни, истакна Димовски.

Тој истакна дека му сметало тоа што овој договор не го содржело прашањето за македонското малцинство во Грција и упати прашање зошто овој договор воопшто не го споменува и зошто го остава како отворен проблем којшто знаеме дека егзистира? Пратеникот Дмовски додаде дека во овој договор не се однесува клучното прашање кое ќе ги детектира односите помеѓу двете држави во следните 10-15 години.

поврзани објави

Последни објави