3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

(ВИДЕО) ГДУ: Не веруваме дека и државно спонзорираната кражба во ПИОМ ќе има судска завршница

За жал одамна живееме во држава во која скандалите се секојдневие. Во таа долга листа на скандали е и најновиот поврзан со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. ПИОМ не ги распределил средствата на 12 илјади осигуреници.

Да потсетиме дека директори на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во тој период биле Исни Јакупи, Амет Даути, Беким Незири и Шаип Зенељи. Додека пак министри за труд и социјална политика биле Џељаљ Бајрами, Спиро Ристовски и Диме Спасов.

Сепак, министерката Царовска се одлучи да поднесе кривична пријава за непознат сторител?!

Додека актуелниот директор Шаип Зендељи двојазично молчи, молчат и од ВМРО -ДПМНЕ, синдикатите останаа изненадени, МАПАС, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување се супервизирала самата себе.

Претседател на Советот на експерти МАПАС е Максут Али, додека пак, Ментор Јакупи и Дарко Саздов се професионално ангажирани експерти токму поради нивната еспертиза и професионална подготовка.

Не веруваме дека и оваа државно спонзорирана кражба ќе има судска завршница.

Напротив, ова најверојатно ќе заврши како уште една алатка за хармонизација на односите меѓу „големите политички партии” . Всушност, тоа и одамна е правило.

Сведоци сме дека се во тек „дебатните решенија” и за ова прашање ,како и за многу други, чија цел е само добивање на време, усогласување на ставовите и ништо повеќе.

Почитувани, веруваме дека ќе се согласите дека ова не е најдобар почеток на годинава која Владата ја промовираше за „економска”. Впрочем, се повеќе наликуват на онаа приказна за Вавилонската кула.

поврзани објави

Последни објави