6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Сите зборуваат за девојчето чиј настап има повеќе од 14 милиони прегледи (ВИДЕО)

Младата и талентирана пејачка Анџелика Хејл (11) ги урива сите рекорди. Пред само пет дена, нејзиниот видео-запис од настапот на талент шоу беше објавен на страницата на „Америка има талент”, а во моментов има над 14 милиони прегледи.

Откако ја испеа песната „Fight Song”, публиката беше на нозе, исто, како и жирито од четири члена.

Нејзиниот настап најмногу го воодушеви комичарот, актер и телевизиски директор Хови Мендел (63), кој го притисна златното копче и ја пласира директно во полуфиналното шоу.

„Ти си вистинска шефица, која дојде тука за да победи”, изјави члнката на жирито, супермоделот Хајди Клум (45).

Хејл првпат се појави во шоуто во 2017 година, кога на крајот заврши на второ место, и овој пат има само една цел, а тоа е победа.

поврзани објави

Последни објави