ВИДЕО: Таткото на град Скопје, на работа со автобус

123

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски го испочни вчерашното ветување и утрово на работа стигна со автобус. Овој чин на таткото на градот доаѓа по одлуката за бесплатен јавен превоз, со цел да се намали користењето на автмобили, кои придонесуваат за загадувањето во градот.

Оваа мерка на бесплатен јавен превоз, како во автобусите на ЈСП, така и кај приватните превозници е од привремен карактер, и ќе треа се додека поинаку не одлучи Трајановски.

Инаку, на вчерашната прес конференција, Трајановски информираше дека тој не чувствува никаква одговорност за загадувањето на воздухот, затоа како што вели тој прави доволно, но за ефектот ќе мора да се сочека.