СВР Охрид поднесе кривична пријава против 77-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години
„На 12-ти минатиот месец околу 14 часот, пријавениот, управувајќи патнички автомобил кон својот дом во Охрид, забележал малолетно лице од соседството, го запрел возилото и му пришол прекинувајќи го во детската игра. Притоа, пријавениот започнал разговор со 11 годишниот малолетник околу претстојниот празник „Василица“ прашувајќи го кога се палат огнови. По неколку минутен разговор, пријавениот го повикал малоленото лице до автомобилот паркиран до неговата гаража, велејќи му дека ќе му покаже интересни работи. Кога двајцата заедно стигнале до возилото, пријавениот извадил еротски списанија, а потоа веднаш ја отворил вратата од гаражата прилепена до семејната куќа која била во близина на возилото и го турнал малолетникот во гаражата заклучувајки ја вратата. Тука, пријавениот со примена на сила започнал да го прегрнува малолетното лице допирајќи го по целото тело. Малолетникот со активен отпор, успеал да го оттурне сега пријавениот и да ја отвори вратата од гаражата по што избегал во својот дом“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.