Има една поговорка која вели после војна сите се генерали. Така, после четири месеци, денеска на својата официјална фејсбук страница со свој став околу референдумот се јави и екс премиерот на Македонија Никола Груевски, кој е во бегство и се наоѓа во Унгарија.
Груевски во својот најнов напис, за кој кажа дека е само прв дел од она што ќе го објави како негова анализа, вели дека подобро ќе било партијата ВМРО-ДПМНЕ да повикала да се гласа „против“, наместо бојкот на референдумот за името кој се одржа на 30 Септември.
Таков став во јавноста изнесоа повеќе политичари, меѓу кои и првиот претседател на партијата Љубчо Георгиевски, кој преку писмо до јавноста тогаш повика да се излезе и да се гласа на референдумот, притоа потенцирајќи дека бојкотот не е решение.
Да излеземе СИТЕ ЗАЕДНО на 30-ти септември и да гласаме!“- се вели во отвореното писмо објавено на Денот на независноста, 8-ми септември 2018.
За разлика од него, неговиот наследник Никола Груевски, на само неколку недели пред референдумот немаше храброст да каже свој став на новинарско прашање – ќе гласате ли на референдумот, немате ли став за референдумот?
Новинарот на ТВ21 неколкупати го праша експремиерот за неговиот став во врска со претстојниот референдум, но Груевски успеа да одолее и не одговори на прашањето од новинарот, при што кратко одговори – не би давал изјави. За разлика од него, Стевче Јакимовски со кој Груевски шеташе по улица „Македонија“, даде одговор дека тој и неговата партија нема да излезат и ќе го бојкотираат референдумот.
Видеото од одговорот на Груевски на само неколку недели пред референдумот погледнете го ОВДЕ
Она што е многу интересно во целата ситуација е што потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, на само 15 дена пред одржувањето на референдумот го критикуваше токму Георгиевски поради неговиот став дека треба да се излезе и да се гласа на референдумот, при што го стави првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и еден од основачите на партијата во ист ќош со другите политичари од СДСМ.
Ние имаме две екипи на политичари во однос на референдумот. Едната е, се изнаредија од Љубчо Георгиевски преку Бранко Црвенковски до Зоран Заев, Димитров, итн итн… кои ги потценуваат граѓаните, сметаат дека се глупави, им кажуваа 27 години што треба да прават па видовме до каде ја донесоа Македонија, одат со еден став дека Македонија не ја бива и затоа треба да прифатиме капитулација. Легитимно право е на мојата генерација да се бориме за подобар договор, рече тогаш Александар Николовски во емисијата 360 степени.
Погледнете на 45:50 минута од интервјуто
Оттука, легитимно се поставува прашањето – дали по денешната изјава на Груевски од Будимпешта, каде што вели дека требало да се повика на гласање „против“ на референдумот за името, Николовски ќе се огради од неговиот став и ќе го стави во ист ќош со онаа генерација на политичари кои прифатиле, условно кажано, капитулација на Македонија?