23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

(ФОТО) Ѓорчев: Како претседател ќе обезбедам 100 конгресмени за поддршка на Македонија

Лично се познавам со 30-тина конгресмени од САД, а деновиве поради краткиот престој имав можност да се видам само со 10-тина од нив, напиша на Фејсбук Влатко Ѓорчев, пратеник и кандидат кој се пријави на огласот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата.

Во Сенатот се познавам со 10-тина сенатори, а деновиве се сретнав со четири. Како претседател на Македонија се обврзувам дека групата во Конгресот на САД за пријателство со Македонија ќе дојде до најмалку 70 конгресмени во првата година, а најмалку 100 конгресмени до крајот на мандатот. Во Сенатот ќе обезбедам најмалку 10 сенатори кои ќе бидат дел од групата за поддршка на Македонија. Македонија мора да има многу пријатели каде што се носат најважните одлуки за светската политика. – напиша Ѓорчев.

поврзани објави

Последни објави