13.8 C
Skopje
Thursday, May 23, 2024
spot_img

Влатко Ѓорчев се сретна со еден од најблиските соработници на Трамп Мајк Помпео и сенаторот Тед Круз (ФОТО)

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, кој е еден од кандидатите на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на официјален кандидат за претседателските избори во Македонија, во САД се сретна со повеќе влијателни личности, меѓу кои и Мајк Помпео, еден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, како и со сенаторот Тед Круз, кој во 2016 година беше претседателски кандидат во САД.

Срдечна средба и разговор со државниот сектетар на САД и шеф на Стејт Департментот Мајк Помпео, како и со сенаторот Ted Cruz.

Секретарот Помпео е меѓу најблискуте соработници на претседателот на САД Доналд Трамп. Претходно беше конгресмен (2011 – 2017) и одржува блиски контакти со своите колеги од Конгресот на САД.

Сенаторот Тед Круз лично го познавам повеќе години и се работи за еден од највликателните сенатори. Во 2016 година беше претседателски кандидат, а во 2018 година претседателот Трамп лично се вклучи во неговата кампања за реизбор во Сенатот.

Ова беше 10-ти пат да учествувам на Молитвениот појадок во Вашингтон.

Два пати за време на претседателот George W. Bush, пет пати за време на претседателот Barack Obama и сега веќе трет пат за време на претседателот Donald J. Trump.

Македонија мора да има пријатели и отворени врати бо САД и секаде во светот.

Срдечна средба и разговор со државниот сектетар на САД и шеф на Стејт Департментот Мајк Помпео, како и со сенаторот Ted…

Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Friday, February 8, 2019

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави