5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Силјановска Давкова: Ништо нема да ме обесхрабри, одам до крај

Откако ја објавила кандидатурата за претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова кажа дека постојано е изложена на најнепримерни напади и клевети, од сите страни.

Сепак тоа нема да ја обесхрабри и натера да се повлече од валканиот политички ринг, тврди професорката, која ќе оди до крај.

– Но, сакам да ве уверам дека ќе одам до крај, затоа што мотивацијата и одважноста ги црпам од вас, граѓаните. Простете што не секогаш можам да одговорам на вашите повици, емаил пораки, пораки во инбокс, пораки пренесени преку моите блиски… Но, тие ми значат многу, и верувајте дека ги примам со должно внимание. Како професор по уставно право и политички систем, но и поради кусиот ангажман во политиката, а особено по се’ што преживеав во референдумската кампања од 2004 година, сите овие работи ми се многу добро познати, и за жал, очекувани. – напиша Силјановска на Фејсбук.

Таа е свесна дека пропагандната машинерија е ставена во погон и увери дека нејзиниот стил ќе биде поинаков.

– Јас немам намера да се симнувам во калта, да одговарам на ист начин, ниту да се бранам од лични дискредитации. Јас имам многу поголема цел пред себе, а тоа е нашата Македонија, која се брани со љубов, знаење и чест. – тврди професорката.

Поддршката од граѓаните е нешто што и дава енергија, па така ќе продолжи да чекори кон победа, стои во нејзиниот пост.

поврзани објави

Последни објави