Познатиот аналитичар Александар Генчов на својот ФБ профил се огласи по повод вчерашното, а воедно и прво телевизиско интервју на професорката Гордана Силјановска Давкова, откако и официјално е кандидат за Претседател на Македонија, од редовите на најголемата опозициска политичка партија ВМРО-ДПМНЕ.
Генчов во својот статус изразува пофалби за професорката Силјановска Давкова.
Убаво интервју на птофесорката на Сител. Главнината на оваа кандидатура е во моќта на силната личност.Интелект висок. Многу висок. Зборува за Колумбија универзитет. Таму ќе се брани утре оваа држава. Од нас мажите го видовме аирот. Поразени бевме. Сега останува да биде патриот и заедно со Мицковски да не излезат од американската амбасада. Американците ни на сон не мислеа дека ќе има волку слаба, срозана нација макединска. Слаба вака понижена македонска нација не беше и не е американски интерес. Како што албанците се правеа херои а не излегуваа од кај американците така ќе правиме и ние. Американците сакаат моќ. А Силјановска ја има. Ако можеа други да клечат таму ќе клечиме и ние. Ако можеше УЧК да стави американско знаме ќе ставиме и ние, вели Генчов во својот статус на Фејсбук.