Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашната прес-конференција рече дека премиерот Заев со лишувањето од слобода на поединци од опозицијата сака да ја прикрие неспособноста на институциите.
Денес станаа јасни две работи. Првата е дека СДСМ предводена од деспотот Заев е во слободен пад. Токму поради штетните политики нивниот рејтинг е во слободен пад. Им следува крај и тежок пораз најпрвин на претседателските избори, а потоа и на предвремените парламентарни избори. – истакна Мицкоски и додаде дека власта е свесна дека народот повеќе не ја поддржува.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски смета дека вечерашното приведување на тројцата Вељановски, Ристовски и Јанакиески е очајнички обид на Заев да го крене својот рејтинг.