Сопругата на поранешниот министер Миле Јанакиески кој синоќа беше приведен, денеска бил нападнат во затворот во Шутка, се огласи по инцидентот.
-Адвокатите ме известија дека дознале оти настанала некаква тепачка започната од некој од членовите на Диво насеље на која се приклучиле и некои други лица и бил нападнат Миле, во одбрана пристапил Спиро Ристовски и настанала некоја поголема тепачка. Не знам нешто подетално, но знам дека моментално се наоѓа во болница. За што конкретно се работи и за какви повреди, најверојатно на главата со контузии, немам никакви информации повеќе од тоа и чекам адвокатите во секој момент да ми се јават, истакна Сања Јанакиески за Сител Телевизија и додаде:
„До сега, искрено, веќе може се става во прашање безбедноста и животот на мојот сопруг во притворот каде што се наоѓа. Мерките за домашниот притвор се почитуваа максимално и наеднаш се сменија работите со што се загрозува животот на сопругот. Навистина сум загрижена и вознемирена“.