13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Мицкоски во посета на Миле Јанакиески

Откако денеска имаше напаад врз пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиески кој беше пренесен во ГОБ 8 Септември, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски отиде во посета на Јанакиески.

По само 24 часа поминати во Шутка, Јанакиески беше нападнат, а потоа и пренесен во ГОБ 8 Септември. Сопругите на двајцата поранешни функционери кои се нападнати, за Телевизија Телма тврдат дека инцидентот покажал дека не се безбедни и велат дека се сериозно загрижени за нивниот живот.

„До сега, искрено, веќе може се става во прашање безбедноста и животот на мојот сопруг во притворот каде што се наоѓа. Мерките за домашниот притвор се почитуваа максимално и наеднаш се сменија работите со што се загрозува животот на сопругот. Навистина сум загрижена и вознемирена“, рече сопругата на Јанакиески.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се пожали дека не му дозволиле да го види Миле Јанакиески. Не ми дозволија да го посетам Миле Јанакиески, никој не дојде да ни каже што се случува. 50 полициски сили имаше пред собата на Миле, чекавме директорот да добие насока од неговиот шеф Зоран Заев да ни каже, да ни го оправда ова. Докторот ни кажа дека Миле има телесни повреди по телото, рече Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави