Денеска на 21 февруари се случија два немили настани. За време на редовна прошетка, дошло до вербална пресметка при што препраснала во физичка пресметка. Потоа, повторно дошло до вербален инцидент меѓу лицата М. Ј. и Е. К. кој прераснал во физичка пресметка. За лицето М. Ј. кое се пожалило на болки е пренесен во ГОБ 8 Септември.
Управата порачува дека ова нема да се толерира и дека ги презема сите активности за извршителите на ова насилствоо да одговараат. Нашата управа уште вечерва ќе почне истрага, да се испита дали е направен некаков пропуст од службите. Ги погледнав изјавите на сопругите на лицата, жалам за овој настан, но морам да напоменам дека ова се два оделени настани, лицата не се заедно во исти момент. Ние како управа немаме индиции дека ќе се случи ова што се случи денеска.
Едно од лицата претходно 3 недели беше тука и помина се во најдобар ред. Постојат видео камери и надзор, постојат лица кои вршат мониторинг на тој простор, се подготвуваат изјавите. Во тоа шеталиште биле лицата кои се во тие соби, така да почекаме да видиме што ќе покаже истрагата, рече директорот од Шутка. Едното од лицата не се пожалило на поголеми болки, ниту пак оценка на докторот било да се пренесе во клинички центар. Лицето М. Ј. е вратено во домот, а тоа што го имаме како првична информација е дека се полесни нагмечувања, без скршеници, додаде тој.