Граѓанско демократската унија денес на половина од регионалниот пат Штип-Пробиштип одржа прес конференција. Повод, како што истакнаа, е очајната состојба на овој пат и лажните ветувања дека досега патот ќе бил изграден.
„Регионалниот пат, делницата е во очајна состојба. Посебно засегнати се граѓаните патници во сообраќајот, но истовремено е загрозен и економскиот транспорт на фирмите. Загрозен бизнисот на стотици, стотици милиони евра, од областа на рударството, индустријата, земјоделието, текстилот, туризмот или целокупната циркулација на животот на граѓаните. Пред нас е клучката на регионалниот пат Штип, Кочани и Пробиштип каде веќе со забавено темпо се работи повеќе од две години, поради што привремениот режим во сообраќајот се одвива по „црн“ и непрописен пат, низ кој нема скоро и никаква патна сигнализација.
Со тоа пак се доведува до опасност безбедноста на сообраќајот и е спротивно на законот за патен сообраќај. ЕПА ДОСТА Е и затоа во чест на лажните двегодишни ветувања, денес револтот ќе го замениме со радост, денес ќе славиме со роденденска торта како гест на ПРОТЕСТ пред премиерот Зоран Заев и претседателот на СДСМ и градоначалник Драган Анастасов“, кажа на прес конференција Стојанче Зафиров, член на УК на ГДУ – Пробиштип.