10.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

„Балкан“ открива: СДСМ спрема изненадување за кандидат за Претседател – тоа не се ниту Пендаровски, ниту Димитров

Околу еден месец не дели од почетокот на изборната кампања за нов Претседател на Република Македонија. Десетгодишниот мандат на Претседателот Иванов заврши и тој нема право повторно да се кандидира.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, прва повлече чекор и на партиска конвенција во Струга го избра својот кандидат за Претседател на Република Македонија. Тоа е професорката Гордана Силјановска. Се чини дека ова беа најдемократските внатрепартиски избори во ВМРО-ДПМНЕ, со оглед на тоа што во трката учествуваа девет кандидати.

Во владеачката партија СДСМ, сеуште се калкулира. Лидерот на оваа партија и Премиер на државата, Зоран Заев, последните десетина дена, води интензивни разговори со своите коалициони партнери од Албанскиот блок, во желба да падне договор за консензуален кандидат, со што шансите за успех би биле значително поголеми.

Како кандидати за иден Претседател од оваа партија се споменуваат, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, поранешниот Претседателски кандидат, Стево Пендаровски, како и поранешниот амбасадор на Република Македонија во Австрија, Ѓорѓи Филипов, кој својата кандидатура за партиската конвенција на СДСМ ја објави уште поодамна, пишува порталот Балкан.

Балкан од свои извори дознава за име кое не се споменува во ниту една комбинација. Се работи за долгогодишниот Претседател на Стопанската комора на Република Македонија, Бранко Азески.

Азески важи за човек со добри конекции, како во нашата држава, така и надвор од неа. Азески е личен пријател со Црногорскиот Претседател Мило Џукановиќ, а врската со владеачката партија му е преку контакти на блиски луѓе до Премиерот Заев.

Извор: Балкан

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -